Ракомет

Еурофарм Пелистер го засили бековскиот ред – Мартин Серафимов потпиша двегодишен договор!

Сподели
Сподели

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер продолжува со засилувањата за иднината, откако го обезбеди потписот на македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов.

Десниот бек на националниот тим потпиша двегодишен договор со битолскиот клуб и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

Официјалната промоција на Серафимов во дресот на „пелистерци“ е најавена за јули, пред почетокот на летните подготовки.

Серафимов во Битола пристигнува од редовите на Алкалоид, а во својата кариера настапуваше и за Металург. Со неговиот ангажман, клубот добива дополнителен квалитет и искуство во бековската линија.

Од таборот на Еурофарм Пелистер потенцираат дека секој потпис на македонски репрезентативец има посебна тежина, имајќи предвид дека клубот традиционално дава значаен придонес во успесите на националниот тим.

Ангажманот на 26-годишниот ракометар се смета за инвестиција во иднината, со очекувања дека Серафимов ќе остави силен белег во тимот и ќе биде важен дел од амбициите на клубот во наредниот период.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!