Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Полска, следуваат уште два натпревари на Европското првенство

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на Европското првенство, откако денеска беше совладана од актуелниот европски шампион Полска со убедливи 3:0.

Иако Македонија се најде во исклучително тешка група, нашите одбојкари повторно покажаа борбеност и карактер, но силниот противник не дозволи изненадување.

Полска го доби првиот сет со 25:19, во вториот беше уште поубедлива со 25:16, додека во третиот сет славеше со 25:13 за конечни 3:0.

За македонските „спартанци“ ова беше трет пораз во групната фаза, но борбата не завршува тука. Нашата репрезентација има уште два натпревари до крајот на групната фаза, во кои ќе се соочи со селекциите на Израел и Португалија.

Токму овие два дуели ќе бидат нова можност Македонија да стигне до позитивен резултат и да го заврши настапот на Европското првенство со подобар впечаток.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе го суди дербито меѓу Струга и Шкендија, Ќерими на Башкими и Брегалница, Качевски главен во Кратово

Рундата број 13 во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три дена, се отвара во утре со мечот во Кавадарци меѓу...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!