Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир за тенисери и тенисерки до 16 години од категорија 3, на кој победничкиот пехар во машка конкуренција остана во рацете на домашниот тенисер Алексеј Стојановски.

Стојановски имаше одличен настап и до титулата стигна со пет победи без загубен сет. Во финалето домашниот тенисер го совлада Максимилијан Хајцик од Германија со 2:0 во сетови, 6:3 и 6:1.

Претходно, во полуфиналето, Стојановски беше подобар од македонскиот тенисер Марин Стефановски, додека во четвртфиналето го совлада Петар Травица од Србија. Во втората рунда, пак, беше поуспешен од Димитрос Косицидис од Грција.

Одличните настапи на домашниот миленик беа проследени и со аплаузи од присутните на турнирот, кои имаа можност да уживаат во неговите игри.

Стојановски беше близу до двоен триумф, но во конкуренција на двојки мораше да се задоволи со финалето. Заедно со Хајцик загубија од македонскиот тенисер Андреј Темов и Џејмс Бартон од Австралија со 2:1 во сетови (4:6, 6:3, 10:4).

Кај девојките, најуспешна во сингл конкуренција беше Анџела Буриќ од Босна и Херцеговина. Буриќ триумфираше и во двојки, каде што заедно со сонародничката Амајла Кадриќ стигнаа до победничкиот пехар.

Од македонските тенисерки, до четвртфиналето во сингл стигнаа Анастасија Арсовска и Јована Велјановска.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!