Прва лигаФудбал

Тимовски: Тиквеш е „домашна екипа“, но во Кавадарци одиме по трите бода

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

После малата резултатска криза, Силекс минатото коло на домашен терен лесно и убедливо го совлада тимот на Шкупи со 6:0. Но, денеска предизвикот за кратовци е далеку поголем. За кратовскиот тим следува гостување во Кавадарци на одличниот тим на Тиквеш.

Од таборот на Силекс очекуваат дека ќе продолжат со победите, и дека ќе врзат триумфална серија. Го ценат противникот и неговите резултати оваа пролет, но сакаат да се надигруваат против Тиквеш, и на крај да дојдат до трите бода, за да се зацврстат на четвртото место на табелата.

„На секој натпревар Силекс оди да се надигрува, и така ќе биде и денеска. Дали тоа ќе биде доволно за трите бода, ќе видиме. Играме против Тиквеш во Кавадарци. Сите знаат дека Тиквеш е „домашна екипа“, но одиме на победа како и на секој натпревар. Имавме една мала резултатска криза, и мислам дека е време да почнеме да победуваме. Натпреварот со Шкупи малку ја крена самодовербата, и време е да фатиме серија на триумфи. Знаеме дека Тиквеш е во добра форма, и мислам дека ќе биде добар натпревар денеска во Кавадарци, и секако се надеваме на позитивен резултат“, изјави фудбалерот на Силекс, Ангелче Тимовски.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс се врати на победите, Шкендија славеше во Автокоманда

Екипата на Силекс забележа значајна победа на гостувањето кај Башкими во Куманово, совладувајќи го домашниот тим со убедливи 0:3. Со овој триумф, избраниците...

Останато

Изабела Зајков на меѓународен BJJ камп во Норвешка по покана на Бруно Карвалјо, под водство на Маргот Чикарели

Македонската претставничка во бразилско џиу-џицу, Изабела Зајков, е дел од меѓународен тренинг-камп во Драмен, Норвешка, каде што учествува по покана на Бруно Карвалјо....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс се врати на победите, Шкендија славеше во Автокоманда

Екипата на Силекс забележа значајна победа на гостувањето кај Башкими во Куманово,...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Победа го декласираше Борец со четири гола, домашни победи за Башкими, Росоман и Бучин

Прилепска Победа пред полна стадион го декласираше Борец со 4:0 на отварањето...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Вардар Брвеница со убедлива победа над Јехона

Вардар Брвеница со убедлива победа од 6:0 над Јехона го отвори 6....

Трета лигаФудбал

Демир Хисар до победа од три гола против Крошу Спорт

Екипата на Демир Хисар се израдува на првата сезонска победа откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!