Ракомет

„Вакви дерби мечеви носат посебна мотивација“ – Савревски најавува жестока битка во Битола!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Во пресрет на дерби натпреварот против Еурофарм Пелистер во Битола, десниот бек на Охрид- Давид Савревски, за Спортска Мрежа го најави претстојниот предизвик.

По напорниот период зад себе, во кој „гладијаторите“ одиграа два тешки натпревари против Олимпијакос во рамки на ЕХФ Купот, тимот сега се насочува кон важен дуел во домашното првенство, кој може да има големо значење во трката за врвот на табелата.

Савревски очекува тежок и неизвесен натпревар во Битола, нагласувајќи дека густиот распоред и напорните натпревари се предизвик, но дека токму ваквите дерби дуели носат дополнителна мотивација. Според него, клучот за добар резултат ќе биде во дисциплината, фокусот и цврстата игра.

„Нè очекува многу тежок и неизвесен натпревар пред полна сала во Битола. Ние сме во густ распоред и имавме напорни натпревари, но вакви дерби- мечеви носат посебна мотивација. Очекувам борбена и цврста игра, а клучно ќе биде да останеме фокусирани и дисциплинирани за да дојдеме до резултатот што го посакуваме.”- изјави Савревски за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Јасно е дека Охрид ќе мора да одигра на високо ниво за да парира на мотивираниот Пелистер, а дербито во Битола ветува неизвесна и жестока битка за важни бодови во Супер лигата.

Натпреварот се игра во среда, 08.04.2026, со почеток од 18:00 часот, во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Три бода за Цетинска, Дрита убедлива над Љуботен, три бода за Гостивар

Цетинска на домашен терен однесе сигурна победа од 3:1 над Лирија во меч од 7. коло на Трета лига регион 6. За победникот...

Трета лигаФудбал

Влазерими со три бода, Караорман и Кравари забележаа домашни победи

Влазерими од Кичево со триумф над Напредок од Ношпал со резултат од 2:3 во дуел од 6. коло на Трета лига регион 5....

Поврзани написи
Ракомет

Охрид броеше до 42 против Мулти Есенс за петта суперлигашка победа!

ГРК Охрид продолжува со сигурни настапи во домашното првенство. Актуелниот освојувач на...

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми...

Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!