Ракомет

Охрид испиша европска историја – Олимпијакос падна и во реваншот, следи битка со Целје за финале!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид продолжуваат да ја пишуваат најубавата европска приказна, откако обезбедија пласман во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп. Охриѓани и на реваншот беа подобри од Олимпијакос, славејќи со 25-24, што во комбинација со победата од 31-26 во првиот натпревар им донесе сигурно место меѓу четирите најдобри.

Во одлична атмосфера пред исполнетите трибини во СЦ „Билјанини Извори“, избраниците на Борис Ројовиќ уште од стартот ја презедоа контролата врз играта. Домашниот тим во неколку наврати имаше предност од неколку голови, а на полувреме замина со водство од 14-12.

Во вториот дел, грчкиот состав се обиде да направи пресврт и во еден момент стигна до минимална предност, но Охрид не дозволи комплетно изненадување. Во клучните моменти, „гладијаторите“ покажаа карактер, повторно го презедоа водството и во драматична завршница ја заверија победата и големиот успех.

ФОТО: Спортска Мрежа

Најефикасен во редовите на Охрид беше Анте Иванковиќ со осум погодоци, додека Томи Јагуриновски додаде четири. Значаен придонес дадоа и Вуко Борозан и Дарко Ѓукиќ со по три гола, додека голманот Кристијан Пилиповиќ блескаше на голот со двоцифрен број одбрани. Кај гостите, Савас Савас се издвои со пет реализации.



Со овој историски пласман, ГРК Охрид си закажа полуфинална пресметка со РК Целје, во двомеч кој ќе решава за патникот во големото финале.

ФОТО: Спортска Мрежа

Охрид живее европски сон – а следната станица е уште поголем предизвик и нова можност за испишување историја.



ФОТО: Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два неоправдано неодиграни натпревари направи промени на табелата. Екипите кои освојуваа бодови...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија од Струмица исфрлена од Третата лига регион 3, секое коло ќе има слободна екипа

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица е исфрлен од натпреварувањето во Третата македонска лига – Регион 3, откако по првите пет кола од сезоната...

Поврзани написи
Ракомет

Бојаниќ: Во Куманово не одиме да се предадеме, туку да се бориме и да го дадеме максимумот!

Екипата на Младост во рамките на седмата рунда на Суперлигата ќе гостува...

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот...

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!