РакометРакометна репрезентација

Лазаров пред нов предизвик: Можно е да ја преземе и младинската репрезентација!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонскиот ракомет би можел да добие интересна селекторска комбинација пред Светското првенство за ракометари до 21 година, кое следното лето ќе се одржи во Македонија. Кирил Лазаров, кој моментално ја предводи сениорската репрезентација, е една од опциите за привремено решение и на клупата на младинскиот национален тим.

Можноста Лазаров да ја преземе селекцијата до 21 година веќе е предмет на разговори. Актуелниот селектор денеска потврди дека се дискутира за оваа опција, па останува да се види дали идејата ќе добие конкретна реализација.

Доколку дојде до договор, Лазаров би добил можност да работи и со младите ракометари кои треба да го претставуваат македонскиот ракомет на големата домашна сцена. Таквиот ангажман би бил дополнителен предизвик за искусниот стратег, но и можност за подобро запознавање со потенцијалот на играчите од помладите категории.

Настапот на домашно Светско првенство носи голема одговорност за младинците, кои ќе имаат можност пред домашната публика да го покажат својот квалитет. Дали Лазаров ќе биде човекот што ќе ги води на овој шампионат, засега останува отворено прашање.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23 над Луксембург, а вечерва ќе го добие првиот резултатски ориентир за...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!