Младински фудбалФудбал

Благој Гегов од Детонит Плачковица успешно го помина првиот модул за UEFA C лиценца!

Сподели
Сподели

Фудбалската школа на Детонит Плачковица од Радовиш продолжува да вложува во унапредување на стручниот кадар и развојот на младите фудбалери. Клубот информираше дека нивниот тренер Благој Гегов изминатата недела учествувал на тренерски семинар за стекнување со UEFA C лиценца, при што успешно го поминал првиот модул од едукацијата.

Од клубот истакнуваат дека по завршувањето на вториот модул, Гегов ќе се стекне со лиценца за работа со младински фудбалски категории. Овој чекор претставува значаен дел од неговото тренерско усовршување и дополнително вложување во квалитетот на работата со младите фудбалери.

Стекнувањето нови знаења и тренерски квалификации е важно за унапредување на фудбалската школа и создавање подобри услови за развој на младите фудбалски надежи.

Од Детонит Плачковица му посакаа многу успех на Гегов во продолжението на едукацијата, со желба новостекнатите знаења и искуства да придонесат за понатамошниот развој на младите категории во клубот.

„Градиме фудбалери, градиме иднина“ е пораката со која радовишкиот клуб ја нагласува својата посветеност на младите и на иднината на фудбалот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!