Останато

Министерството за спорт ги награди победниците во одбојкарскиот Куп

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Освојувачите на трофеите на 33. издание од Купот на ОФМ 2026 година, Вардар ЕМ во женска, и Штип УГД во машка конкуренција добија и парична награда од Министерството за спорт.

ФОТО: ОФМ

Претставници на двата клуба, како и потпретседателот и членот на ИО на ОФМ, Кирил Калеников, денеска беа на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски, кој за освоените титули и промоција на спортот и спортските вредности им додели и парични награди од еден милион денари за Штип УГД, односно 500.000 денари за Вардар ЕМ.

“Упатувам искрени честитки за победниците во Купот на ОФМ 2026 за освоените титули и за прикажаната игра. Завршницата на Купот беше уште една убава промоција на одбојката и показател за напредокот што се случува, особено во женската одбојка. Министерството за спорт на освојувачите на Купот им додели парични награди од 1.000.000 денари за победникот во машка и 500.000 денари за победникот во женска конкуренција. Ова е наш мал придонес за сѐ она што го правите и награда за вложениот труд, да знаете дека тоа вие што го правите некој го гледа и го вреднува. Се надевам дека одбојката во Македонија во иднина ќе бележи уште поголеми успеси и уште поголема популарност– изјави Ристовски.

Министерот Ристовски нагласи дека ова ќе биде и практика на Министерството за спорт и во иднина.

“Ќе настојуваме ова да биде практика и за иднина, да им честитаме и да им оддадеме признание на сите што ќе направат успех. Министерството за спорт секогаш ќе ги вреднува резултатите и ќе ја поддржува промоцијата на спортот и на спортските вредности” – истакна Ристовски.

Претставникот на ИО на ОФМ, Кирил Калеников ја потенцираше добрата соработка со Министретсвото за спорт и заедничката заложба да се подигне популарноста на одбојката во нашата земја.

“Направивме еден одличен Куп, тоа беше навистина настан на ниво, салата беше полна во сите три дена на завршниот турнир, направивме еден европски пренос. Наша работа како Федерација, во соработа и со поддршка од Министерството за спорт ќе биде континуирано да ја подигаме популарноста на одбојката.Со одредени активности, организација и реорганизација на некои идни натпревари, ќе се обидеме да допреме до што поголема публика. Тоа е целта бидејќи одбојката и спортот се игра за публиката – потенцираше Калеников.

Одбојкарките на Вардар ЕМ беа вистинска сензација во завршницата на Купот, каде премиерниот настап го крунисаа со пехар до кој стигнаа со максимална победа над Газели Волеј во полуфиналето, додека во финалето со 3:0 го совладаа бранителот на титулата, Наковски Волеј.

Штип УГД пак трета година по ред доминира кога станува збор за куп-натпреварувањето. На финалниот турнир во полуфиналето ја совладаа Струмица 47&72, додека во финалето го победија Борец.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А, а тимот од Бергамо ја запиша првата гостинска победа во првенството...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Поврзани написи
Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!