РакометРакометна репрезентација

Стефанов за новото засилување на Македонија: „Добиваме еден ракометар што ќе даде тежина и голем придонес“

Сподели
ФОТО: Ракометна федерација на Македонија
Сподели

Дмитро Хориха и официјално ќе може да го носи дресот на македонската ракометна репрезентација, откако доби зелено светло од Светската ракометна федерација. Неговото приклучување кон националниот тим беше една од главните теми на прес-конференцијата што денеска се одржа во просториите на РФМ, на која присуствуваа претседателот Александар Стефанов и селекторот Кирил Лазаров.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија изрази задоволство од можноста Хориха да биде дел од репрезентацијата. Според Стефанов, станува збор за ракометар кој се наоѓа во најзрелата фаза од кариерата и од кого се очекува да донесе дополнителен квалитет и да помогне во остварувањето подобри резултати.

,,Мислам дека добиваме еден ракометар што ќе даде тежина и голем придонес, тој е во зенитот на својата кариера и се надеваме дека со него ќе добиеме на квалитет и ќе придонесе и тој за подобри резултати во иднина.“- изјави Стефанов.

Хориха во моментов настапува за унгарскиот ПИК Сегед, а неговото вклучување во репрезентацијата доаѓа во пресрет на квалификациските средби против Луксембург и Грција. Стефанов посочи дека Македонија ги очекува овие предизвици со високи амбиции и јасна цел да обезбеди учество на Европското првенство во 2028 година.

Со официјализирањето на правото на настап на Хориха, македонската репрезентација добива уште една опција пред важните квалификации, во кои главниот приоритет ќе биде обезбедување место меѓу учесниците на следниот континентален собир.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите ракометари. Во недела, 8 ноември, спортската сала „Млаз“, која има голема...

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!