Ракомет

Бојаниќ: Во Куманово не одиме да се предадеме, туку да се бориме и да го дадеме максимумот!

Сподели
Сподели

Екипата на Младост во рамките на седмата рунда на Суперлигата ќе гостува кај Куманово, целта е јасна – прва сезонска победа за радост во тимот, но и за целата верна публика од Богданци.

Иако Младост имаше мечеви на кои беше блиску до победа, сепак и натаму чека на истата. Еден од поискусните играчи во тимот, Владимир Бојаниќ за Спортска Мрежа потенцираше дека искуството е пресудно како на мечевите со Прилеп и Еурофарм Пелистер, надполнувајќи дека во тимот има играчи кои по првпат играат Суперлига.

„Мислам дека искуството беше пресудно и на првиот и на вториот натпревар. И Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп имаат многу поискусни играчи во своите редови, момци кои веќе неколку сезони, па и повеќе, играат во Суперлигата. Кај нас нема толку искуство, со оглед на тоа што некои од момците за првпат играат во Суперлигата. Што се однесува до натпреварот со Прилеп, мислам дека и ние направивме неколку недозволиви грешки“, вели Бојаниќ.

Притисок нема, почеток на сезоната е и има уште многу натпревари, во Куманово ќе го дадеме максимумот, вели Србинот, кој летово го засили Младост од Охрид.

„Кај нас нема притисок. Тек е седмото коло, има уште многу да се игра и да се воигруваме. Мислам дека играме сè подобро и подобро. Не е лесно веднаш да се вклопи нова екипа. За нас секој бод е важен. Во Куманово не одиме однапред да се предадеме, туку одиме да се бориме, да го дадеме максимумот, да ги намалиме грешките и да одиграме добар натпревар“, дополнува Србинот.

Натпреварот меѓу Куманово и Младост се игра во сабота, со почеток од 16:30 часот во салата „Перо Наков“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!