РепрезентацијаФутсал

Македонија ги стартува подготовките за мундијалските квалификации во футсал

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Футсал репрезентацијата на Македонија од денеска ги започнува подготовките за настап во првата фаза од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Селекторот на националниот тим, Газменд Хисејини, за мини-подготовките пред заминувањето за Литванија ќе има на располагање 15 играчи, кои се најдоа на неговиот список:

  1. Петровски Антонио
  2. Стојановски Иван
  3. Благојевски Марио
  4. Јасир Зекири
  5. Рамадани Берат
  6. Рамадан Јакуп
  7. Еркан Сефери
  8. Јанев Бојан
  9. Исмаил Таулант
  10. Јанев Димитар
  11. Крстевски Иван
  12. Садат Зибери
  13. Тони Киревски
  14. Игор Леовски
  15. Давид Ристoвски

Избраниците на Хисејини ќе тренираат во Скопје до 7 април, по што следува заминување за Литванија, каде во периодот од 9 до 12 април ќе одиграат три натпревари.

Македонија првиот натпревар го игра на 9 април против Бугарија со почеток од 16:30 часот. Веќе следниот ден, во истиот термин, ќе се соочи со Турција, додека на 12 април ќе ги одмери силите со домаќинот Литванија, во меч што започнува од 17:30 часот.

Сите натпревари ќе се одиграат во Друшкининкаи, град оддалечен околу 130 километри од главниот град Вилнус.

Пласман во главната рунда од квалификациите за Светското првенство ќе обезбедат двете најдобро пласирани репрезентации од групата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот предизвик во Суперлигата против Куманово во гости, меч од 7. коло....

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман во следната фаза од ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот претставник првиот чекор...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!