Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“ загуби од естонскиот Тарту со 92:95, во драматичен натпревар во кој „металците“ се вратија од двоцифрена негатива, но на крајот останаа без посакуваниот триумф.

Гостите подобро го отворија дуелот и уште во првата четвртина покажаа дека нема лесно да се откажат од бодовите. Тарту го доби првиот период со 24:17, а МЗТ Скопје до паузата успеа само делумно да ја намали разликата. По првите 20 минути, естонскиот состав имаше предност од 44:39.

Во третата четвртина Тарту повторно го наметна своето темпо и стигна до двоцифрена предност. Пред последните десет минути, резултатот гласеше 72:62 за гостинската екипа, па пред избраниците на МЗТ Скопје претстоеше сериозна задача доколку сакаа да се вратат во натпреварот.

Сепак, „металците“ не се предадоа и во завршниот период одиграа значително подобро. Со 30 постигнати поени во последната четвртина, домашниот тим успеа да ја анулира негативата и да донесе неизвесност во самата завршница. Николиќ со своите поени израмни на 92:92, на 38 секунди до крајот, со што се чинеше дека МЗТ може да стигне и до целосен пресврт.

Но, Тарту имаше одговор во најважниот момент. Пасоја погоди тројка за водство од 95:92 и го стави притисокот врз домашниот состав. МЗТ доби нова можност за израмнување откако Тадиќ промаши две слободни фрлања, а „металците“ ја освоија топката во напад. Сепак, обидот на Николиќ за три поени не заврши во кошот, па победата замина за Естонија.



Николиќ беше најдобар поединец во редовите на МЗТ Скопје со 22 поени, девет скока и две асистенции. Фарахан го следеше со 18 поени, Тадиќ запиша 15 поени, четири скока и три асистенции, додека Војдан Стојановски придонесе со 11 поени, еден скок и една асистенција.

По две одиграни кола во групата „Е“, МЗТ Скопје Аеродром има две загубени средби и скор од 0-2. Македонскиот шампион ќе ја бара првата победа во европското натпреварување на гостински терен во Германија, каде што на 20 октомври, од 19:00 часот, ќе се соочи со Вурцбург Баскетс.



Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ бара прва победа во АБА 2, а Херцеговац оди по втор триумф

ТФТ Скопје денеска од 18 часот, му гостува на Херцеговац во второто...

Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика...

Кошарка

Гордон е прв стрелец, Мицева царува под кошевите, Адамовска најдобар асистент – кои кошаркарки доминираат во женската Прва лига?

По три одиграни кола во „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига, индивидуалната...

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!