Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Сподели
Сподели

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на која присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров.

На прес-конференцијата се говореше за претстојните квалификации за Европското првенство 2028, а воедно беше официјално претставено и новото засилување на македонскиот национален тим, Дмитро Хориха.

Хориха, кој е добро познат на македонската ракометна јавност, доби официјална дозвола од Светската ракометна федерација (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација.

Ракометарот, кој моментално настапува за унгарскиот клуб ПИК Сегед, од денес и официјално му е ставен на располагање на стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија.

„Мислам дека добиваме еден ракометар што ќе даде тежина и голем придонес, тој е во зенитот на својата кариера и се надеваме дека со него ќе добиеме на квалитет и ќе придонесе и тој за подобри резултати во иднина“, рече претседателот на РФМ.

Во однос на претстојните квалификации, претседателот Стефанов истакна дека Македонија со големи амбиции ги очекува натпреварите против Луксембург и Грција, со јасна цел – пласман на Европското првенство 2028.

„Се работи за играч кој има шут од надвор, кој е играч во два правци, кој има победнички карактер и во последните години покажал дека секогаш прави се за неговиот тим да победи“, рече селекторот.

Селекторот Лазаров најави дека списокот на повикани ракометари ќе биде објавен на почетокот на следната седмица, нагласувајќи дека конкуренцијата за секое место во тимот е голема и дека репрезентацијата максимално сериозно ќе пристапи кон претстојните квалификациски натпревари.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!