Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

Сподели
Сподели

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци.

Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е најдобар стрелец со постигнати 14 погодоци, а веднаш зад нејзе се две фудбалери со еден гол помалку односно Теона Галабовска од Тиверија Брера и Улза Максути од екипата на Љуботен.

Со двоцифрен број на постигнати погодоци е и капитенот на Каменица Саса, Ана Димитровска, која има 12 погодоци.

По седум погодоци постигнаа Рабија Дервиши од Пелистер и Михаела Марковска од Пелистер, а пак шест гола има Јулија Живиќ од Вардар.



Со по пет гола по осум натпревари се Меланија Грозданова од Вардар и Калина Попески од Љуботен, додека пак четири гола имаат Радица Чонева и Ивана Милевска кои настапуваат за Скопје, Хава Мустафа од Љуботен, Настасја Накова од Вардар, Павлинка Николовска која ја носи екипата на Тиверија Брера и Вања Ристиќ од Речица.

Голем е бројот на фудбалерки со постигна три, два и еден гол.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!