РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски пред Данска: Имаме што да покажеме – одиме по место на Светско!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонија утре го игра бараж дуелот против Данска на стадионот „Паркен“ кој е распродаден до последното седиште – историски меч на кој ќе бараме победа за обезбедување на финале во плеј-офот.

Селекторот Гоце Седлоски на денешната прес-конференција истакна дека Данска е силна, но во вакви натпревари детали одлучуваат, а како што вели селекторот верува оти имаме што да покажеме во Копенхаген.

„Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина. Во тимот гледам енергија, концентрација и желба. Играчите го разбираат значењето на дресот и верувам дека тоа ќе го покажат на терен. Подготвени сме тактички, знаеме што сакаме да играме, иако одлуката за составот и формацијата останува кај мене. Ни недостасуваат одредени фудбалери, но тоа не го менува нашиот пристап. Данска е силна, но ние сме фокусирани на нашата игра. Во вакви натпревари деталите одлучуваат, а верувам дека имаме што да покажеме. Благодарност до навивачите за поддршката, тоа ни дава дополнителна сила“, рече селекторот Гоце Седлоски.

Доколку ја добиеме Данска во финалето од плеј-фото за место на Светското првенство ќе играме против подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Легендата Благој Митев добива признание од Беласица пред големото струмичко дерби со Брера!

Фудбалскиот клуб Беласица во недела ќе му оддаде посебно признание на Благој Митев, една од најзначајните личности во историјата на струмичкиот клуб и...

Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов член на битолскиот тим е српскиот интернационалец Никола Кочовиќ, искусен бек...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!