Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Сподели
Сподели

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер Елези, Дин Ризвановиќ и Изабела Зајков, која освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, што се одржа во Солун, Грција. На средбата во Министерството за спорт присуствуваа и претседателот на Македонската самбо федерација, Ердал Факиќ и генералниот секретар, Славчо Тодоров.

Во разговорот беа истакнати постигнатите резултати на младите самбо-спортисти на Светското првенство за кадети, нивната посветеност и потенцијалот за остварување нови успеси на меѓународната спортска сцена.

Министерот Ристовски ѝ честиташе на Изабела Зајков за освоениот бронзен медал, како и на Омер Елези и Дин Ризвановиќ за нивните настапи и заложби за афирмација на македонскиот спорт.

„Овие успеси се најдобра потврда дека Македонија располага со талентирани генерации кои имаат квалитет и потенцијал за врвни резултати. Нашата обврска е да ги поддржуваме младите спортисти, да им овозможиме услови за напредок и да ги охрабруваме да продолжат да се натпреваруваат и успешно да ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена“ – истакна Ристовски.

Министерството за спорт останува посветено на поддршката на младите спортски таленти и создавањето услови за нивен развој и напредок. Со освоениот бронзен медал на СП за кадети, Изабела Зајков ги исполнува условите да биде стипендист на Министерството за спорт од категоријата „Спортска надеж“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!