Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Сподели
ФОТО: КК Пелистер
Сподели

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов член на битолскиот тим е српскиот интернационалец Никола Кочовиќ, искусен бек кој зад себе има настапи во неколку европски првенства.

Кочовиќ има 30 години и доаѓа од познатата кошаркарска школа во Чачак. Во досегашната кариера настапувал во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Полска и Романија, стекнувајќи значајно меѓународно искуство. Пред да пристигне во Битола, тој настапуваше за српскиот Чачак и романска Орадеа.

Од Пелистер очекуваат искусниот бек да донесе дополнителен квалитет во играта на тимот и да му помогне во остварувањето на клупските амбиции.

Кочовиќ веќе му се стави на располагање на тренерот Тане Спасев и ќе биде во комбинација за претстојниот натпревар против Работнички, кој е закажан за во недела со почеток во 19:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Со ангажманот на српскиот интернационалец, Пелистер добива уште една опција во бековската линија пред продолжението на сезоната.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Победа Валандово се одвои на врвот, Овче Поле со осум гола во Карбинци, „рударите“ ги освоија бодовите во Дојран

Победа Валандово го доби дербито со Академија Огражден во Ново Село со 1:0 и по 9. коло во Третата лига – Регион 3...

Трета лигаФудбал

Беса ја сопре непоразената Пчиња во меч со 10 гола, Куманово остана на врвот, три бода за Победа Тромеѓа

Беса од Слупчане ја доби пресметката за второто место со 6:4 против Пчиња 2015 и ѝ го нанесе првиот сезонски пораз. Харун Касуми...

Поврзани написи
Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

Кошарка

Крива Паланка го пречекува Баскет Кам во дуел на најдобриот стрелец и најдобриот асистент

Таниа Гордон постигна 79 поени во првите три кола, а Сања Адамовска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!