РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капитенот Енис Барди: Имаме свои адути – ќе дадеме сè за да ја направиме Македонија горда!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди пред утрешниот меч против Данска од плеј-офот за пласман на Светското првенство потенцираше дека новите играчи се вклопиле одлично во тимот и дека атмосферата е нависоко ниво.

Барди, исто така нагласи дека ќе даде сè од себе за да ја направат Македонија горда.

„Добро ги анализиравме и ги подготвивме сите детали. Свесни сме против кого играме и што не чека, но и ние имаме свои адути. По претходните натпревари извлековме важни лекции и тие ни помогнаа да се подобриме како тим. Новите играчи се вклопија одлично и атмосферата во тимот е на високо ниво, функционираме како едно. Во вакви натпревари мотивацијата никогаш не недостасува. Потценувањето само дополнително нè мотивира. Поддршката од навивачите секогаш ја чувствуваме и ќе дадеме сè од себе да ги направиме горди“, вели капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди.

Мечот меѓу Данска и Македонија се игра на „Паркен“ во Копенхаген.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!