Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Сподели
Сподели

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда.

Веќе во 10 часот ќе се игра мечот меѓу Речица и Истатов, каде за правдата ќе биде задолжен Марјан Дејаноски, а ќе му помагаат Цветанка Савеска и Хабиљ Љиворека, а контролор ќе биде Орце Стефановски.

Од 14 часот се игра дербито меѓу Скопје и Каменица Саса во Пржино, а главен судија ќе биде Здравко Костовски, а ќе му асистираат Мартин Дејаноски и Дарко Видиниќ, додека пак Драган Ристовски ќе биде контролор.

Во 14:30 часот во Струмица ќе се одигра меѓу Тиверија Брера и Ас Јунајтед, а правда ќе дели Ирена Велевачковска, а нејзини асистенти ќе бидат Зоран Ангелов и Ване Данилов, додека пак Васил Аџиев е контролор.



Во 15 часот ќе се игра мечот во Тетово меѓу актуелниот шампион Љуботен и Вардар, а Борче Павловиќ ќе биде главен арбитар, а ќе му помагаат Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ, додека пак Аце Миноски е контролор.

Во Битола со почеток од 16 часот ќе се одигра дерби за опстанок меѓу Топ Гол и Кочани, а правдата ќе ја дели Димитар Левески, со негови асистенти Ангела Домазетовска и Јован Анѓелкоски, а пак Петре Илиоски е контролор.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...