Трета лигаФудбал

ГФК Победа апсолутен фаворит за цел „плен“, Бучин сака да го освои Росоман, Венец по три бодови против Млекар

Сподели
ФОТО: ГФК Победа
Сподели

Со четири натпревари денес ќе биде отворена втората рунда во Трета лига регион 4, што ќе понуди интересни и неизвесни соочувања.

ГФК Победа како апсолутен фаворит на домашен терен ќе се соочи со Влазними Јуниор, повеќе од јасно е дека трите бодови треба да останат во Прилеп, се друго ќе биде повеќе од изненадувања.

Бучин е мотивиран за денешниот меч и оди по цел „плен“ против Росоман во гости, а пак Венец од Долни Дисан во улога на фаворит ќе гостува кај Млекар.

Башкими од Јаболчиште ќе бара први бодови против новајлијата Победа од Пепелиште.



Колото се затвара утре со три средби. Превалец ќе бара рехабилитација на домашен терен против Ултрас, откако во првото коло претрпе тежок пораз. Питу Гули на домашен терен ќе бара први бодови против Борец, кој во Крушево патува како фаворит за цел „плен“.

Колото се затвара со дуелот на двата лански второлигаши, Вардар Неготино ќе го пречека Големо Коњари на „Цвај арената“.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!