Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа нерешено 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот понуди голема борба, многу пресврти и драматична завршница, а домаќините имаа и последен напад за победа, но не успеаја да го реализираат.

Со овој резултат Охрид останува во трката за висок пласман во плеј-офот, а бодот од дербито може да има значење во продолжението од сезоната.

Голманот на Охрид, Пилиповиќ, во изјава за Спортска Мрежа, по натпреварот истакна дека тимот може да биде задоволен со освоениот бод, имајќи предвид дека поразот би донел дополнителни проблеми во трката за висок пласман. Тој нагласи дека е важно што екипата покажала карактер и успеала да се врати во игра по нешто потешкиот почеток на натпреварот.

„Јас мислам дека можеме да бидеме среќни со еден освоен бод, еден изгубен, но еден освоен. Ако изгубевме ќе имавме поголеми проблеми, вака сè е во наши раце, тоа е важно и важно е што покажавме карактер и дека се вративме од малку тешкиот почеток.“ – изјави Пилиповиќ за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Со ремито против Алкалоид, Охрид останува во борбата за висок пласман во плеј-офот од Супер Лигата. До крајот на сезоната ги очекуваат уште неколку важни натпревари, во кои секој бод може да биде пресуден во битката за позициите на табелата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер донесе засилување од БиХ: Едвин Џелиловиќ потпиша тригодишен договор

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер продолжува со градењето на тимот за новата сезона,...

РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...