Ракомет

Јагуриноски: „Алкалоид е екипа против која не е лесно да се игра“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи ги поделија бодовите играјќи 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот донесе многу неизвесност, пресврти и драматична завршница, а домаќините имаа и последен напад за победа, но не успеаја да реализираат.

Со ова реми и двете екипи остануваат во трката за висок пласман, но пропуштија можност да се доближат до врвот на табелата. Охрид сега има 40 бода, исто колку и Еурофарм Пелистер, додека Алкалоид е на 36 бода и заостанува зад лидерот Вардар.

Ракометарот на Охрид, Томислав Јагуриноски, во изјава за Спортска Мрежа, по натпреварот истакна дека тимот очекувал тежок и неизвесен дуел, особено ако се знае колку овој меч бил важен за домашниот состав. Тој призна дека во одредени моменти притисокот влијаел врз играта на Охрид, но нагласи дека против силен ривал како Алкалоид не е лесно да се дојде до посакуваниот резултат. Јагуриноски упати благодарност и до публиката која ја исполни салата и му даде силна поддршка на тимот.

„Како што реков пред мечот дека ова ќе биде еден многу тежок меч, многу важен за нас- така и беше. Можеби во некои моменти имавме малку поголем притисок и не одигравме онака како што можеби се договаравме, но сепак мислам дека од исходот на овој меч на крајот треба да бидеме и задоволни. Алкалоид е екипа која со години е во врвот на македонскиот ракомет и не е така лесно да се игра против нив. Се разбира игравме дома пред полна сала и сакам да им се заблагодарам на навивачите за атмосферата и поддршка и да пробаме понатаму да бидеме уште подобри.“- изјави Јагуриноски за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Со поделбата на бодовите и Охрид и Алкалоид остануваат во игра за висок пласман во плеј-офот од Супер Лигата, а до крајот на сезоната ги очекува неизвесна борба во која секој бод ќе има големо значење. За охридскиот состав поддршката од трибините повторно беше значаен фактор, а тимот ќе се обиде во следните натпревари да продолжи со уште подобри изданија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!