Ракомет

Радовиш не се предаде така лесно во Битола – Еурофарм Пелистер 2 се намачи за победа!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 стигнаа до победа над Радовиш со 34-31 во натпревар од второто коло на плеј-аут фазата во македонската ракометна Суперлига.

Домашниот состав одигра подобро во првото полувреме и успеа да создаде солидна предност, па на паузата замина со 18-13. Битолчани го контролираа резултатот и во најголемиот дел од вториот дел, но гостите не се предадоа.

Ракометарите на Радовиш во завршницата покажаа карактер и со серија голови успеаја да се доближат на само еден гол негатива (32-31) на две минути пред крајот. Сепак, домашниот тим успеа да одговори во следниот напад и да ја задржи предноста, а до крајот го потврди триумфот со конечни 34-31.

Најефикасни кај победничкиот тим беа Мохамед Азиз и Одифред Баптист со по седум погодоци, додека кај Радовиш најпрецизен беше Славе Јанковски со осум гола.

Во следното коло Еурофарм Пелистер 2 ќе гостува кај Куманово, додека Радовиш на домашен терен ќе го пречека тимот на Пролет.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!