Ракомет

ФОТО: Дербито во „Билјанини Извори“ без победник – Охрид и Алкалоид со драматично реми

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

🔴 Спортска Мрежа од „Билјанини Извори“

Ракометарите на Охрид и Алкалоид одиграа возбудливо дерби во плеј-офот од македонската Суперлига, кое по голема борба заврши без победник 27-27 во салата „Билјанини Извори“.

Натпреварот започна израмнето, со мал број голови и цврста игра на двете страни. Во првото полувреме ниту една екипа не успеваше да создаде поголема разлика, а гостите од Автокоманда на пауза заминаа со минимална предност 14-13.

На стартот од вториот дел Алкалоид првпат се одлепи на три гола разлика, но Охрид брзо се врати во ритам и со серија голови успеа да направи пресврт и да поведе со 20-18. Во продолжението се играше гол за гол, а во неколку наврати и двете екипи имаа водство од по два погодоци.

ФОТО: Спортска Мрежа

Финишот донесе вистинска драма. Алкалоид поведе со 26-24, но домашните повторно се вратија и израмнија. Во последната минута двете екипи имаа можности да стигнат до победа, но голманите се истакнаа со важни интервенции, па натпреварот заврши со поделба на бодовите.

ФОТО: Спортска Мрежа

Кај Охрид најефикасен беше Дарко Ѓукиќ со осум погодоци, додека кај Алкалоид се истакна Никола Костески со шест гола. Реми исходот значи дека и двете екипи остануваат во трката за висок пласман, но пропуштија можност дополнително да се доближат до водечките тимови во шампионатот.

ФОТО: Спортска Мрежа

Салата „Билјанини Извори“ беше исполнета до последното седиште, атмосферата беше неверојатна, а Охрид уште еднаш потврдува дека живее за ракометот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе се комплетира утре со мечот меѓу Брера и Шкупи, кој ќе...

Ракомет

Костов лидер, Мате веднаш зад него: Топ 10 стрелци по две одиграни кола во Супер лигата

По две одиграни кола во новата сезона од Супер лигата, охриѓанецот- Наум Костов од МРК Куманово, е лидер на листата на најдобрите стрелци....

Поврзани написи
Ракомет

Костов лидер, Мате веднаш зад него: Топ 10 стрелци по две одиграни кола во Супер лигата

По две одиграни кола во новата сезона од Супер лигата, охриѓанецот- Наум...

Ракомет

Младеновски: Вардар е огромен мотив, пред домашната публика ќе дадам сè од себе

Поразот остава разочарување кај екипата на Младост, откако беше блиску до првото...

Ракомет

Дерби на Вардар Неготино и Пролет, Драчево Јуниор гостува во Радовиш, Аеродром против Овче Поле

Втората рунда од Првата ракометна лига носи четири средби кои ќе бидат...

Ракомет

Хрватски судии за европскиот двомеч на Тиквеш со Еш

Тиквеш ги доби официјалните лица за двата натпревари против Handball Esch од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!