Прва лигаФудбал

Стевковски: Нијанси ќе го одлучат дуелот со Силекс, очекувам позитивен резултат

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Денес во Кавадарци е игра дуелот меѓу Тиквеш и Силекс од 20. коло на Првата лига. Овој меч е исклучително важен за домашниот состав кој со триумф би можел да прогресира на табелата.

Тиквеш има добра серија на резултати, а голманот на кавадаречкиот прволигаш, Христијан Стевковски вели дека домашниот терен и убавата атмосфера секако дека треба да бидат нивна предност за да се стигне до позитивен резултат.

„Mислам дека и двете се добри екипи и дека ќе биде изедначена борба и нијанси ќе го одлучат овој дуел. Домашниот терен и убавата атмосфера секако дека треба да бидат наша предност и ќе ни помогне во остварувањето на позитивен резултат. Иако Силекс е една од поквалитетните екипи во нашето првенство мислам дека на денешниот дуел нема да биде лесно да земат бодови во Кавадарци. Особено доколку и ние бидеме на . Сконцентрирани деведесет минути и ги исполниме задачите зададени од нашиот тренер и ги искористиме шансите кои ќе ни се укажат. Имаме квалитет на секоја позиција , добра екипа и добра атмосфера и тоа го покажуваме константно. Убеден сум дека секој нареден натпревар ќе бидеме се подобри и подобри“ вели Стевковски во изјава за ФФМ.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!