Прва лигаФудбал

Авдули: Атмосферата е позитивна, целта ни се трите бода против Македонија ЃП

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Македонија ЃП во меч од 20. коло на Првата лига. По триумфот над Шкупи, тимот од Чегране сака нов триумф и со тоа да избие на петтото место на табелата.

Џезаир Авдули вели дека мотивацијата е на највисоко ниво пред денешниот меч со „лавовите“ од Ѓорче.

“По оваа важна победа, атмосферата во тимот е многу позитивна, а мотивацијата е на највисоко ниво. Работевме добро во текот на целата недела, со максимална концентрација и дисциплина, бидејќи знаеме дека не очекува квалитетен противник. Нашиот фокус е целосно на претстојниот натпревар. Сакаме да ја продолжиме позитивната серија, да покажеме карактер и да го дадеме максимумот на теренот. Целта ни е јасна, да ги освоиме трите бода и да продолжиме по патот кон целите што ги имаме поставено како екипа. Со посветеност, заедништво и поддршката од нашите навивачи, верувам дека можеме да го оствариме посакуваниот резултат”, рече Авдули во изјава за ФФМ.

Натпреварот меѓу Арсими и Македонија ЃП се игра денес со почеток од 14 часот на Градскиот стадион во Гостивар.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!