Прва лигаФудбал

Мирчевски: Против секого одиме на победа, така ќе биде и во Кавадарци

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Силекс денес гостува во Кавадарци каде ќе ги одмери силите со Тиквеш, во меч од 20. коло на Првата лига.

Силекс е сигурен на четвртото место, но имаат можност да се вмешаат за втората и третата позиција. По ремито на Струга со Вардар, избраниците на Александар Васоски ако денес слават во Кавадарци ќе дојдат на пет бода негатива од Струга која е трета.

Најдобриот стрелец на Силекс, Мартин Мирчевски вели дека секога и секаде против секако одат на победа, па така ќе биде и денес во Кавадарци против Тиквеш.

„Поразот од Шкендија не влијаеше негативно на нашиот тим, затоа што дојде против екипа која сезонава играше добро во Лигата на Конференции, а друга работа беа условите за игра, и мислам дека нема аргументи за замерка. Понекогаш на такви натпревари треба да те посака и среќа, а нас на тој меч не нѐ посака. Сега се фокусираме на мечот со Тиквеш, и нормално е дека бараме победа. Секогаш и секаде против секого одиме на победа. Секоја екипа си има предности и слабости, наша работа е да ги пронајдеме слабостите на Тиквеш, и да ги искористиме и да дадеме се од себе да ги освоиме бодовите“, изјави Мирчевски.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!