Останато

Радовиш ќе „гори“: Одбојкарите на Штип УГД бараат силна поддршка за прва историска европска победа!

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели

Екипата на Штип УГД го имаше своето европско деби во Челинџ Купот и беше поразена со 3-1 на гостински терен од Кол Ил во Осло, Норвешка. И покрај поразот, штипјани оставија одличен впечаток, покажувајќи дека имаат квалитет за да се надеваат на комплетен пресврт на реванш-средбата во Радовиш.

Првиот сет беше вистинска драма и заврши 35-33 во корист на Норвежаните – бројка што најдобро ја отсликува жестоката борба, пожртвуваноста и големата желба за победа на обете страни. Во вториот сет, Штип УГД возврати, одигра зрело и цврсто, славејќи со 22-25, со што го израмни резултатот и ја врати неизвесноста.

Третиот сет повторно им припадна на домаќините со 25-18, а во четвртиот сет штипјани беа блиску до ново израмнување, но Кол Ил успеа да слави во финишот со 25-23. Сепак, сите сетови кои Штип ги загуби беа минимално, што укажува дека разликата во квалитет не е голема и дека нашиот претставник има реални шанси за успех.

ФОТО: ОК Штип УГД

Реваншот ќе се одигра во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, каде што се очекува силна поддршка од публиката. Со ваква игра и со домашен терен на своја страна, Штип УГД може да ја оствари својата прва историска европска победа и да обезбеди пласман во следната фаза од Челинџ Купот.

ФОТО: ОК Штип УГД

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!