Втора лигаПрва лигаФудбал

ФОТО: Пелистер подобар на пријателскиот меч со Новаци

Сподели
Сподели

Прволигашот Пелистер со 0:2 беше подобар на пријателскиот натпревар со второлигашот Новаци, кој се одигра за време на репрезентативната пауза, а кој доаѓа како подготовка за двете екипи пред последните есенски натпревари.

Во првиот дел мрежите мируваа на двете страни, а во вториот дел беа постигнати двата погодоци. Стрелци на погодоците беа Филип Бошковски и Јован Мрмачовски.

Тренерот на Новаци, Дарко Крстески, како и на Пелистер, Милан Стојановски имаат можност за проверка на формата, а сега фокусот е на завршните мечеви од есенската полусезона во Првата односно Втората лига.

Во рамки на 13. коло во Втората лига, екипата на Новаци ќе гостува во Струмица кај Беласица, а пак Пелситер во рамки на 14. коло на Прва лига ќе гостува кај Шкупи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември, на Европското првенство во Скопје. Неговиот дуел со Санјин Алихоџиќ од...

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!