ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Сподели
Сподели

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот меѓу Словачка и Украина во женска конкуренција.

Станува збор за првиот натпревар од првата рунда на плеј-офот во квалификациите за Светското првенство за жени на ФИФА во УЕФА зоната. Средбата ќе се одигра на „Татран Арена“ во Прешов, Словачка.

Пројковска ќе ја има улогата на главен судија, додека нејзина прва асистентка ќе биде токму Елена Соклевска – Илиевски. Втора судија-асистент ќе биде Цери Луиз Вилијамс од Велс, а четврт судија ќе ја биде Зои Ставру од Кипар.



Делегирањето претставува уште една потврда за довербата што УЕФА ја има во македонските судијки Пројковска и Соклевска – Илиевски. Двете во изминатиот период редовно добиваат ангажмани на значајни меѓународни натпревари, претставувајќи го македонското судење на европската сцена.

За Словачка и Украина ова ќе биде првиот меѓусебен натпревар во рамките на овој плеј-оф. Победникот од овој двомеч ќе продолжи во следната фаза, каде што ќе се соочи со подобриот од пресметката Грција – Англија.

Натпреварот меѓу Словачка и Украина се игра утре од 18 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од Купот на Македонија. Утре ќе бидат одиграни седум натпревари кои стартуваат...

Трета лигаФудбал

Густо на врвот од табелата во Трета лига регион 6 – кои екипи конкурираат за есенски шампион ?

Одиграни осум кола во Трета лига регион 6, а трката за тоа кој да биде есенски шампион станува неизвесна, неколку екипи конкурираат за...

Поврзани написи
КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од...

Фудбал

Почина Димитар Георгиев – Шеки, легендарниот фудбалски мајстор од Струмица

Струмичкиот и македонскиот фудбал останаа без уште едно големо име. Почина Димитар...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!