Ракомет

Куманово без проблеми го совлада Радовиш, на гостински терен

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Куманово ја запиша втората победа сезонава, совладувајќи го Радовиш со 30-19 на гостински терен. Веќе во првото полувреме гостите направија сигурна предност од 15-7, која им беше доволна за контролирање на натпреварот до крај.

Средбата започна силно за Куманово, со серија од 7-0 во првите 15 минути, што им овозможи водство кое го одржаа до полувремето. Радовиш успеа само делумно да ја намали разликата, но гостите брзо повторно ја вратија предноста.

Во второто полувреме Куманово го одржуваше темпото и разликата, првпат зголемувајќи ја на „плус 10“ во 42. минута. Иако имаше неколку исклучувања и црвени картони за двата тима, тоа не ја смени контролата на мечот, па победникот веќе беше познат.

Со овој резултат Куманово сега има 4 бода, исто колку и Струга на 10. позиција, додека Радовиш останува без освоен бод и на последното место на табелата.

Во следното коло Куманово ќе биде домаќин на Прилеп, а Радовиш гостува кај Бутел.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонска Каменица испишува нова спортска историја – формиран првиот ракометен клуб „Сокол Саса“

Македонска Каменица доби уште еден спортски колектив и официјално влезе на ракометната мапа на Македонија. Со формирањето на Ракометниот клуб „Сокол Саса“, градот...

Ракомет

Познати екипи кои ќе учествуваат на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Во период од 20 до 23 август во Прилеп ќе се одржи 11. издание од Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешковски“, кој се организира...

Поврзани написи
Ракомет

Македонска Каменица испишува нова спортска историја – формиран првиот ракометен клуб „Сокол Саса“

Македонска Каменица доби уште еден спортски колектив и официјално влезе на ракометната...

Ракомет

Дејан Михајловиќ останува верен на Бутел Скопје – кружниот напаѓач потпиша до 2028 година

Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува со создавањето на ростерот за наредните сезони,...

Ракомет

Младоста продолжува да се засилува: Мартин Иванов ново десно крило за богданчани

Новиот суперлигаш РК Младост 1977 од Богданци продолжува со засилувањата во пресрет...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!