Ракомет

Победа над Прилеп: Еурофарм Пелистер 2 направи важен чекор кон плеј-офот!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер 2
Сподели

Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер 2 направи голем чекор кон суперлигашкиот плеј-оф, откако го совлада Прилеп со 31-28. Ова беше втор триумф за битолчани над прилепчани оваа сезона, а со 12 освоени бода тие се израмнија со Тиквеш на петтото место, иако кавадарчани имаат натпревар помалку. Прилеп со осум бода останува да се бори за место во плеј-офот.

Во тимот на домаќините, предводници беа Митревски со осум голови, како и Мохамед Азиз и Баптист Одифед со по шест погодоци. Голманот Јовановски запиша седум интервенции. Кај гостите, лидер на нападот беше Димитриоски со десет гола, а голманите Ангелески и Христоски заедно собраа десет одбрани.

Првиот дел се одвиваше израмнето, со мали предности на домаќините, кои во два-три наврати водеа со по два гола. На полувремето резултатот беше 13-11 за Пелистер 2, а клучниот период се покажа во првите пет минути од второто полувреме. Тогаш Јовановски имаше значајна одбрана, а битолчани искористија неколку грешки на гостите за серија од четири гола, зголемувајќи ја предноста на 18-13.

Прилеп се обиде да се врати, доближувајќи се на 24-22, но домаќините повторно го стабилизираа резултатот со погодоците на Митревски и Одифед, држејќи ја предноста до крајот. Со победата, Еурофарм Пелистер 2 ја зацврсти позицијата за плеј-офот и се доближи до својата цел во Супер лигата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!