Ракомет

Стрмљан најавува борба: Охрид го чека првиот дуел со Слога Добој!

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

Ракометарите на Охрид утре ќе го одиграат првиот натпревар од третото коло во ЕХФ Европскиот куп на домашен терен против МРК Слога Добој од Босна и Херцеговина. Средбата ќе се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 18 часот, додека реваншот е закажан за 22 Ноември во Добој.

Ракометарот на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан, најави дека тимот целосно е подготвен за предизвикот и ги повика навивачите да ги бодрат како досега.

„Станува збор за добра екипа и треба добро да се подготвиме. Сите знаеме кои се нашите планови оваа сезона за Европа. Ќе се обидеме на првиот натпревар да постигнеме што подобар резултат и да се пласираме во следното коло. Ќе биде тежок натпревар. Би ги повикал навивачите да дојдат во што поголем број да ни помогнат како и досега и заедно да славиме за пласман во следниот круг,“ изјави Стрмљан.

Со оглед на формата и желбата за пласман во следното коло, Охрид ќе се обиде да го искористи домашниот терен и поддршката од навивачите за позитивен резултат пред реваншот во Добој.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби под рефлектори во Струмица, Беласица ќе го пречека Пелистер. На стадионот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!