Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

Сподели
Сподели



По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи кои во целост разочараа, ако се земе предвид фактот со какви амбиции ја започнаа сезоната. Но, покрај разочарувањата има и едно вистинско изненадување.

Овче Поле и Каменица Саса во целост потфрлија, иако нивните амбиции пред стартот на сезоната беа прво место и Втора лига.

Овче Поле минатата сезона не успеа да стане шампион, годинава најави високи амбиции и освојување на првото место и со тоа обезбедување на баражот, но не тргна според планот, а најтежок удар е минималниот пораз на домашен терен од лидерот и лански шампион Победа Валандово.

Ланскиот второлигаш Каменица Саса во слична ситуација потфрли и моментално е бодовно далеку од „калинкарите“, кои го држат врвот од табелата со максимални 12 бодови.

Поддржи ја Спортска Мрежа со симболична донација и помогни ни да продолжиме со промоцијата на македонскиот спорт

Слога Виница по експресното испаѓање од Втора лига по четири кола во Трета лига регион 3 собра само еден бод од можни 12 и во конкуренција на дванаесет екипи е на десеттото место.

Најмногу разочара дефинитивно Тиверија од Струмица, клубот кој има богата историја и традиција по четири кола има примено дури 37 гола, а постигна само два.

Во првото коло Тиверија загуби од Овче Поле со 11:0, а потоа на домашен терен беше декласирана од Дојранско Езеро со 0:13, додека пак во Третото коло не го одигра мечот со Малеш од Берово и истиот го загуби со службени 3:0. Во рамки на четвртото коло Тиверија беше декласирана и од Хоризонт Турново во локалното дерби со 2:10.



Хит во шампионатот е дебитантот Огражден од Ново Село, кој по четири кола има три победи и едно реми и со десет бодови е на второто место, само минус два од лидерот од Валандово.

Екипата на Победа која минатата сезона не успеа да го помине баражот за Втора лига, откако загуби во Штип со 2:0 од шампионот на Трета лига – Запад, Камјани, има одлично отварање на сезоната – целта е нов бараж за Втора лига со среќен крај и пласман во повисок ранг на натпреварување.

Сепак ова е само почеток на шампионатот, одиграни четири кола, има уште многу борба на теренот и натпревари кои ќе носат промени на табелата. Но, првичната слика даде одреден показател дека некои екипи само си го закомплицираа патот кон остварување на целите, а тоа може на крајот да биде и клучно.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА РЕГИОН 3:



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од Купот на Македонија. Утре ќе бидат одиграни седум натпревари кои стартуваат...

Трета лигаФудбал

Густо на врвот од табелата во Трета лига регион 6 – кои екипи конкурираат за есенски шампион ?

Одиграни осум кола во Трета лига регион 6, а трката за тоа кој да биде есенски шампион станува неизвесна, неколку екипи конкурираат за...

Поврзани написи
КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од...

Фудбал

Почина Димитар Георгиев – Шеки, легендарниот фудбалски мајстор од Струмица

Струмичкиот и македонскиот фудбал останаа без уште едно големо име. Почина Димитар...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!