Младински фудбалФудбал

Ултрас Кидс доминира на AFT Tour, струшката фудбалска школа со големи резултати!

Сподели
ФОТО: ФК Ултрас Кидс
Сподели

Фудбалската школа Ултрас Кидс од Струга која на фудбалската карта на Македонија постои неколку години, нижи големи резултати, а се работи за фудбалска школа која остава сериозен белег, а исто така и за школа која е симбол за посветеност, визија и љубов кон фудбалот и децата.

Фудбалската школа Ултрас Кидс веќе бележи огромни не само домашни, туку и меѓународни успеси. Според официјалната ранг-листа на AFT Tour, стружани се наоѓаат на 3. место на Балканот според бројот на освоени турнир со генерација 2016, a со 120 поени.

Во генерација 2016 или U-10 според AFT на првото место е Партизан од Белград со 150 поени, втор е Александро од Скопје со 130 поени, Ултрас Кидс од Струга е трет со 120 поени со што се потврува посветеноста на тренерот Танас Калајџиески кој успешно ја води оваа генерација, а толку има и Хајдук од Сплит, а пак на петтото место е Војводина од Нови Сад со 115 поени.

„Да се најдеме рамо до рамо со гиганти како Хајдук, Партизан, Динамо и Црвена Ѕвезда е огромна чест и доказ за трудот, дисциплината и љубовта кон фудбалот што ја вложуваат нашите деца и тренери. Ова е само почеток – продолжуваме уште посилно“, велат од Ултрас Кидс.

Големи резултати и успеси има и генерација 2015, а со истата Ултрас Кидс е на 8-тото место со 65 поени.

Во рамки на генерација 2015 на првото место е Партизан од Белград со 160 поени, Хајдук од Сплит е втор со 150 поени, скопска Форца е трета со 135 поени, а пак Црвена Ѕвезда од Белград е на четвртото место со 80 поени, а на 5. место е Вараждин со 75 поени, а пак Ултрас Кидс е на осмата позиција со 65 поени.

Петар Џигероски e раководител на школата и координатор на младинската школа на ФК Струга, Танас Калајџиески e активен од 2021 година, го води тимот од генерација 2016, а пак Фламур Таири е дел од тимот од 2023 година, предводи неколку категории.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија пласман во полуфиналето. Тиверија Брера со 0:4 славеше во Драчево над...

Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, поради несогласувањата околу формирањето на националната...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!