Ракомет

ГРК Охрид стартува со продажба на билети за дуелите со Баки во ЕХФ Европскиот Куп

Сподели
Сподели

Од денес започна продажбата на билети за натпреварите од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп, во кои ГРК Охрид ќе се соочи со азербејџанскиот претставник РК Баки. Двата натпревари ќе се одиграат во салата „Билјанини извори“ на 11 и 12 октомври, со почеток од 18:00 часот.

Навивачите можат да ги набават билетите онлајн преку платформата mktickets.mk, а исто така ќе бидат достапни и на билетарата при СРЦ „Билјанини извори“ во деновите 10, 11 и 12 октомври.

Важно е да се напомене дека сезонските билети нема да важат за натпреварите од ЕХФ Европскиот Куп.

Охридските „гладијатори“ се надеваат на голема поддршка од трибините и полни „Билјанини извори“ во обид да обезбедат пласман во следната рунда од европското натпреварување.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Татабања го чека ривалот – Охрид на чекор до европско финале!

Татабања обезбеди пласман во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, откако во драматичен двомеч го елиминираше Извиѓач. Иако босанскиот претставник го доби првиот натпревар...

Прва лигаФудбал

Шкендија повторно сопната, Македонија ЃП убедлива – Вардар добива шанса за клучен исчекор кон титулата

Првата македонска фудбалска лига донесе нови возбудувања и значајни пресврти во трката за титулата и опстанокот. Двата натпревари од колото ја продлабочија драмата...

Поврзани написи
Ракомет

Татабања го чека ривалот – Охрид на чекор до европско финале!

Татабања обезбеди пласман во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, откако во драматичен...

Ракомет

Ројевиќ: „Сите заедно ја пишуваме историјата!“ – повик за спектакл во Охрид!

Охрид е пред натпревар кој може да ја одбележи сезоната – реваншот...

Ракомет

Од училниците до трибините: гимназијалците со силна поддршка за ГРК Охрид пред европскиот предизвик

Охрид живее за ракометот, а тоа најдобро го потврдува поддршката која пристигнува...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!