Втора лигаФудбал

Беласица со одлична вест за навивачите: Достапни дресови за секој љубител и навивач на струмичката гордост!

Сподели
Сподели

Македонскиот второлигаш Беласица од Струмица продолжува да ја воодушевува својата бројна публика и верните навивачи. Од денес (01.10.2025) во продажба се ставени официјалните ЈАКО дресови на клубот, достапни за сите љубители и навивачи кои сакаат да бидат уште поблиску до својот омилен тим.

Дресовите во препознатливата плава комбинација, во која настапува Беласица, можат да се нарачаат на телефонскиот број 075/314-909, а цената со принт изнесува 2000 денари.

Ова е уште една позитивна информација за навивачите, откако клубот претходно објави дека сите есенски домашни натпревари ќе се играат во вечерен термин под рефлектори – што го прави Беласица единствен второлигаш со ваква практика.

По шест кола во Втората лига, струмичани го делат врвот на табелата заедно со Брегалница, двете екипи имат по 16 бодови. Со амбициозните настапи на терен, вечерната атмосфера и новите дресови за фановите, Беласица испраќа јасна порака – клубот е решен да ја врати старата страст и препознатливата енергија на стадионот „Благој Истатов“.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!