Ракомет

Македонските арбитри Митревски и Тодоровски со нов предизвик во Лигата на шампионите

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонската судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски доби нова задача од Европската ракометна федерација и по вторпат сезонава ќе делат правда во елитната Лига на шампионите.

Битолчаните ќе ја водат средбата од четвртото коло во групата А меѓу Спортинг Лисабон и францускиот вицепрвак Нант. Натпреварот е закажан за 8 октомври во салата „Жоао Роча“ во Лисабон, со почеток од 20:45 часот, а делегат на ЕХФ ќе биде Шпанецот Хуелин.

Ова е втора европска задача сезонава за македонските арбитри, откако пред еден месец го водеа дербито меѓу Алборг и Веспрем во Данска.

Во рамките на истото коло, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе гостува во Полска кај Висла Плоц, а таму судискиот пар ќе биде составен од Данците Мадсен и Хансен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во меч од 5. коло на Првата женска фудбалска лига. Теона Галабовска,...

Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3 откако во првото коло славеше до 11:0 над Тиверија. Тоше Манов...

Поврзани написи
Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!