Трета лигаФудбал

Дрита ја доби голеадата со Ренова, Котевски носи победа за Напредок, сигурен Влазерими!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Ефикасно трето коло во Трета лига – Запад, погодоци на сите натпревари, а само еден гол го реши мечот во Кичево меѓу Напредок и Зајази.

Стрелец на победничкиот гол беше Младен Котевски, а кој стрелаше во 10. минута, доволно за триумф од 1:0 за кичевски Напредок.

Скендербеу ја доби голеадата со Речица откако славеше со 3:2. Резултатот беше отворен со гол од пенал во 27. минута кога Ардит Аљиу беше сигурен минимална предност на домаќинот во првиот дел.

Во второто полувреме Флорјан Јонузи беше сигурен за 2:0, а пак во 73. минута гостинот со погодокот на Мубарек Шасивари од белата точка намали на 2:1. Само пет минути подоцна Речица дојде и до израмнување на резултатот со голот на Блертон Шабани.

Ваквиот исход донесе повеќе од неизвесна средба, а Кренар Даути во 90. минута постигна гол за триумф на домаќинот од 3:2.

Влазерими прослави домашна победа од 2:0 над Вардар од Брвеница. Домаќинот резултатот го отвори преку Албулен Имери откако домашниот тим беше сигурен од белата точка, а во вториот дел во 75. минута Јован Богдановски од гостинскиот тим работи црвен картон, а три минути подоцна Леонтин Бајрами погоди за конечни 2:0.


Шест погодоци беа постигнати во Боговиње за победа на Дрита од 4:2 над Ренова.

„Гипсарите“ го отворија резултатот преку Иса Ејупи во 10. минута, а по две минути Вулнет Елмази израмни на 1:1, а во финишот на првиот дел Адриан Исмаили со два гола обезбеди 3:1.

Во второто полувреме Ери Абдулахи намали на 3:2, а во 68. минута Брендим Рушити ги постави конечните 4:2.

Доброштио и Џепчишти ги поделија бодовите играјќи 1:1 со погодоци постигнати во вториот дел. Флорим Асани во 55. минута погоди за 1:0, а во 71. минута Ардиан Беќири ги постави конечните 1:1.


Камјани забележа гостински триумф над Љуботен од убедливи 0:3. Хузри Џемаили во 44. минута беше прецизен за 0:1 на полувреме, а на стартот од вториот дел Џемаили со втор гол овој пат од пенал зголеми на 0:2, а во 51. минута Берат Хисмани ги постави конечни 0:3.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК КАМЈАНИ ➖ 3 3 0 0 8 1 +7 9
2 ФК НАПРЕДОК 1928 Кичево 🔼 3 2 1 0 5 2 +3 7
3 ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 🔼 3 2 0 1 6 6 0 6
4 ФК ДОБРОШТИ 🔼 3 1 1 1 6 3 +3 4
5 ФК ФЦ ЏЕПЧИШТИ 1996 🔼 3 1 1 1 6 4 +2 4
6 ФК РЕНОВА АД 🔽 3 1 1 1 7 6 +1 4
7 ФК РЕЧИЦА 🔽 3 1 1 1 6 5 +1 4
8 ФК СКЕНДЕРБЕУ 🔼 3 1 1 1 3 5 -2 4
9 ФК ВАРДАР 2022 с.Брвеница ➖ 3 1 0 2 4 5 -1 3
10 ФК ДРИТА 94 🔼 3 1 0 2 5 9 -4 3
11 ФК ЗАЈАЗИ ➖ 3 0 1 2 3 6 -3 1
12 ФК ЉУБОТЕН ➖ 3 0 1 2 2 9 -7 1


Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ со убав гест: Бесплатен влез за младите фудбалери на мечот Македонија – Шкотска

Вечерва Македонија ќе биде домаќин на Шкотска во Скопје, во мечот од 3. коло на Лигата на нации, а Фудбалската федерација на Македонија...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија и Шкотска по прекин на негативните серии: „Црвено-жолтите“ бараат гол и победа во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува Шкотска во натпреварот од третото коло во...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Познати двојките за 1/8 финалето во Купот на Македонија во младинските категории

Со жрепка беа одредени двојките за осминафиналето во Купот на Македонија за...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Виолета Јанчева главна во Валандово, Илчо Пауноски го доби дуелот меѓу Менада и Ржаничино

Утре на програмата ќе бидат натпреварите од второто коло на Втората женска...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вјолца Изеири ќе им суди на Скопје и Пелистер, Ангелчо Ристов главен во Струмица

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од осмото коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!