Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и се повлекува од позицијата шеф на стручниот штаб поради лични причини.
Цицмиловиќ во краткиот период успеа да донесе стабилизација во тимот, одлична атмосфера во соблекувалната, а Беласица бележеше одлична игра, но од негови лични причини одлучи да се повлече од тренерското столче.
„Раде Цицмиловиќ си поднесе отставка до управниот одбор на ФК Беласица А.Д. Цицмиловиќ се повлекува поради лични причини. Голема благодарност до Цицмиловиќ! ФК Беласица А.Д. сака искрено да му се заблагодари на Раде Цицмиловиќ за неговиот ангажман, посветеност и труд во нашиот клуб. Му посакуваме многу среќа, здравје и успеси во понатамошната кариера“, велат од клубот.
Цицмиловиќ дојде како наследник на Мартин Алаѓозовски, кој замина во Кувајт.
Во следните денови ќе треба да биде познато кој ќе ја води Беласица по заминувањето на искусниот Цицмиловиќ кој поседува УЕФА Про лиценца.