ФудбалЧетврта лига

Маџари го доби дуелот со Гоце Делчев, Зелениково со пет гола за Ускуп, лидерот Бујковци до три бода

Сподели
Сподели



Четири домашни и една гостинска победа го одбележаа осмото коло во Четвртата лига во Гази Баба со голем број погодоци на секој меч.

Маџари забележа нов триумф откако пред домашната публика со 3:1 го доби мечот со Гоце Делчев. Зоран Тасески погоди за 1:0 на полувреме, а во вториот дел следуваше израмнување преку Сеад Јакупи за 1:1 во 56. минута.

Домаќинот преку Ивица Илиевски го врати водството на 2:1 во 71. минута, а печат на победата стави Никола Стевковски во судиското надополнување.

Бујковци се израдува на домашен триумф добивајќи ја Победа со резултат од 2:1, а сите погодоци паднаа во вториот дел. За домаќинот двоен стрелец беше Александар Алексиќ, а за гостинот погоди Стефан Георгиевски.

Петровец славеше домашна победа над Кадино, во меч со пет погодоци за конечни 3:2. Ферди Исмаиловски постигнат хет-трик за домашниот тим, а пак за гостинот двоен стрелец беше Виктор Бошковски.

Зелениково стигна до триумф над Ускуп со резултат од 2:5, во дуел каде за домаќинот погодија Алтај Червани во првиот дел и Хакан Умер во вториот дел.

За гостинската екипа двоен стрелец беше Горан Огњановски, а по еден гол постигнаа Давид Ваневски, Ѓоко Продановски и Ивица Продановски.

Долно Коњари со головите на Мерис Качар и Алмин Качар постигнати во првиот дел славеше над Бунарџик со 2:0.

На врвот од табелата е Бујковци со 22 бодови, втор е Петровец со два помалку, Маџари е трет со 19 бодови, а пак Гоце Делчев е на четвртото место со 18 бодови.

На петтото место е Победа со 12 бодови, по девет бода имаат Кадино и Долно Коњари за делба на шестото место, Зелениково е осми со шест бода, Бунарџик е претпоследен без бодови, како и Ускуп кој е на дното, кој има одземено три бода, па иако има триумф и натаму е без бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Уште само пет слободни места за новогодишниот турнир во Демир Хисар – награден фонд од 180.000 денари!

Интересот за новогодишниот турнир во мал фудбал во Демир Хисар е голем, а организаторите информираат дека остануваат уште само пет слободни места за...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 19 години со драматична победа над Малта за крај на квалификацискиот турнир

Репрезентацијата на Македонија до 19 години со победа од 3-2 против Малта го заврши настапот на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство....

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шкупи во финишот до три бода, Форца со 15 гола против Клими, Осогово до голем триумф!

Поранешниот шампион Форца со неверојатни 15:1 го „разнесе“ Клими од Кавадарци во...

ФудбалЧетврта лига

Локомотива до минимална победа, реми на Тополка и Горски, Плавник го доби Согле

Седмото коло на Општинската фудбалска лига во Велес донесе погодоци на сите...

ФудбалФутсал

Проект со девет гола го декласираше Железарец, Кеги Моби ја доби голеадата со Бутел

Шампионот Проект со девет гола го декласираше повратникот Железарец, кој е поранешен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!