Останато

55. „Златен гонг“ успешно реализиран, три бронзи за македонските боксери

Сподели
ФОТО: Македонска боксерска федерација
Сподели

Јубилејното 55. издание на меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ успешно се одржа од 13 до 15 ноември во салата „Расадник“ во скопската општина Кисела Вода, собирајќи 20 национални репрезентации и бројни квалитетни боксери од европската боксерска сцена.

Во организација на Македонската боксерска федерација, турнирот понуди три дена исполнети со возбудливи борби, квалитетен бокс и силна меѓународна конкуренција. Меѓу учесниците имаше светски прваци, како и освојувачи на медали од светските и европските натпреварувања, што дополнително го потврди реномето на еден од најстарите боксерски турнири во регионот.

Главниот трофеј, Златниот гонг, го освои украинскиот боксер Јуриј Захарјејев, актуелен сениорски светски првак. Тој во финалната пресметка беше подобар од Словенецот Лука Ребернак, славејќи со судиски прекин во втората рунда.

За најдобра боксерка беше прогласена Шпанката Лаура Галано Лопез, која во финалето во категоријата до 60 килограми славеше со убедливи 5:0. Украина беше најуспешната репрезентација на турнирот, освојувајќи вкупно 13 златни медали.

Македонските боксери исто така имаа причина за задоволство, освојувајќи три бронзени одличја. На пиедесталот се искачија Алим Насуфи, Јоаким Јовановски и Марија Костовска. Дополнително признание доби Алим Насуфи, кој беше прогласен за најдобар македонски боксер на турнирот.

Беа доделени и индивидуални признанија за најуспешните учесници. За најборбен пар беа прогласени Олександр Васко и Башким Бајоку, Габриел Штрајх го доби признанието за најдобар техничар, Олег Кудинов за најдобар тренер, додека Дмитро Лазарев беше избран за најдобар судија.

Големото меѓународно учество, особено во период кога се одржуваше и Европското првенство до 23 години во Пореч, Хрватска, претставува значаен организациски успех за Македонската боксерска федерација и уште една потврда за угледот и традицијата на „Златен гонг“.

Организаторите упатија благодарност до сите учесници, делегации, боксери, тренери, судии, волонтери и публика, како и до Министерството за спорт, Град Скопје и Општина Кисела Вода за поддршката во реализацијата на јубилејното издание.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

55. „Златен гонг“ успешно реализиран, три бронзи за македонските боксери

Јубилејното 55. издание на меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ успешно се одржа од 13 до 15 ноември во салата „Расадник“ во скопската општина...

Ракомет

Познати составите за клучниот европски дуел: Пелистер без Хаидаридад, Гумерсбах без Рогановиќ

Еурофарм Пелистер и Гумерсбах ги одредија ракометарите со кои ќе настапат во вечерашната пресметка од четвртото коло во Европската лига на ЕХФ. Битолчани...

Поврзани написи
Останато

Карловарско ја продолжи соработката со македонскиот капитен Никола Ѓоргиев

Капитенот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев, и во новата...

Останато

Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и придонесот во одржувањето на Скопскиот маратон

Во име на организаторите на Скопскиот маратон, генералниот секретар на Сојузот на...

Останато

Дарија Крстевска постави нов младински национален рекорд на 5 километри на пат

Македонската атлетичарка Дарија Крстевска, членка на Атлетскиот клуб Олимп, постави нов национален...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!