Македонската биатлон репрезентација ги започна зимските подготовки за претстојната сезона. Сениорската екипа во моментов се наоѓа во Обертилијах, Австрија, каде што ја темпира формата за претстојните настапи на Европските ИБУ купови.
Натпреварувачката сезона започнува следната недела, а македонските биатлонци ги очекуваат настапи во Идре, Шведска, и Сушен, Норвешка. Во периодот од 14 до 17 декември, повторно ќе се натпреваруваат во Обертилијах, Австрија.
Покрај сениорската екипа, активности ќе има и младинскиот состав, кој ќе замине на подготовки во Покљука, Словенија, каде што ќе учествува на ИБУ камп. Потоа младите биатлонци ќе продолжат во Мартел, Италија, каде што, покрај подготовките во рамките на ИБУ кампот, ќе настапат и на натпревари од ИБУ Регионалниот Алпен куп.
На Европските ИБУ купови Македонија ќе ја претставуваат Петар Гиноски и Тео Петрушу, додека на натпреварите од ИБУ Регионалниот Алпен куп во Италија ќе настапат Благоја Најденоски, Душан Божиноски, Александар Јорданоски, Благоја Трајаноски, Павле Коруноски и Јована Николоска.
Македонските биатлонци со овие подготовки ги започнуваат активностите за новата зимска сезона, со цел што подобро да се подготват за меѓународните предизвици и да остварат добри резултати на претстојните натпреварувања.