Трета лигаФудбал

Борец ја „стопи“ Тополка, Питу Гули со триумф над Млекар, конечно триумф за Младост во Кривогаштани!

Сподели
ФОТО: ФК Питу Гули
Сподели

Третото коло во Трета лига – Југ донесе 22 погодоци на седум натпревари, три средби завршија без победник, а најмногу погодоци имаше во Велес.

Трите бодови останаа во Крушево откако Питу Гули со 2:0 славеше над новиот третолигаш Млекар. Васко Петкоски постигна гол во 12. минута од белата точка за отварање на резултатот, а конечниот резултат го постави Унча Бојаџиески во 73. минута.

„Денеска нашата екипа славеше со победа од 2:0, но радоста е помешана со тага. Со голема жалост ја примивме веста дека не нè напушти нашиот поранешен фудбалер и фудбалски работник Ристо Деков. Ристо беше човек кој остави длабок печат во историјата на нашиот клуб – како играч на теренот, но и како верен поддржувач и пријател надвор од него. Неговата љубов кон фудбалот и кон Питу Гули ќе остане засекогаш запаметена. Денешната победа ја посветуваме на неговата чест и спомен. Почивај во мир Ристо, твоето име ќе живее во срцата на сите што го сакаат овој клуб“, се вели во соопштението на ФК Питу Гули.

Младост конечно се израдува на триумф откако убедливо на свој терен во Кривогаштани го декласираше Дреново со 4:1. На полувреме домашниот тим имаше два гола предност преку Никифор Ујгуноски и Мартин Деркоски, а од 44. минута домашните беа со играч помалку откако Жарко Јанчески заработи директен црвен картон.

Во вториот дел Стевче Ангелевски и Златко Талески зголемија на четири погодоци предност, а во 78. минута со гол на Елмир Еминов гостинот го ублажи поразот на 4:1.


Бучин и Башкими од Јаболчиште ги поделија бодовите во меч со по еден погодок за конечни 1:1. Во првиот дел мрежите беа мирни и на двете страни, а во вториот дел Арлинд Јашари постигна гол за водство на Башкими во 68. минута, а девет минути подоцна Виктор Глушески ги постави конечните 1:1.

И мечот меѓу Росоман и Ултрас заврши без победник со по еден гол (1:1) за делба на бодовите, во дуел на две непоразени екипи.

Бранко Стошиќ го отвори резултатот во 31. минута, а во вториот дел Христи Мицевски ги постави конечните 1:1.

Но, и на мечот меѓу Влазними Јунир и Венец од Долни Дисан немаше победник, но тука беа постигнати четири погодоци, а мечот беше повеќе од возбудлив за следење.

Мевлан Усеиноски од пенал во 27. минута беше сигурен за водство на домашниот тим од 1:0. Израмнувањето стигна во 74. минута исто од пенал, кога Петар Ристовски беше сигурен, а веќе во 77. минута Ристовски со втор гол направи комплетен пресврт и водство на гостинот.

Во 84. минута резервистот Али Фејзулоски ги постави конечните 2:2, а во 90. минута капитенот на гостите, Жарко Донев доби втор жолт картон и беше исклучен од игра.


Ланскиот второлигаш Борец без проблеми го декласираше тимот на Тополка со убедливи 0:7. Двојни стрелци беа Бобан Дукадиновски и Илхан Имеров, а пак по еден гол постигнаа Дејан Стефановски, Марко Јанковски и Милан Чичевски.

Во рамки на третото коло слободна беше екипата на Превалец.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ПИТУ ГУЛИ 🔼 3 2 1 0 9 2 +7 7
2 ФК УЛТРАС 🔽 3 2 1 0 9 2 +7 7
3 ФК РОСОМАН-83 ➖ 3 2 1 0 5 3 +2 7
4 ФК БОРЕЦ 1919 АД 🔼 3 2 0 1 11 1 +10 6
5 ФК БАШКИМИ 2008 🔽 2 1 1 0 7 1 +6 4
6 ФК ПРЕВАЛЕЦ 🔽 2 1 1 0 8 2 +6 4
7 ФК Бучин 🔼 3 1 1 1 3 5 -2 4
8 ФК Влазними Јуниор 🔽 3 1 1 1 4 6 -2 4
9 ФК МЛАДОСТ 1930 🔼 3 1 0 2 4 11 -7 3
10 ФК ВЕНЕЦ с.Долни Дисан 🔼 3 0 1 2 4 6 -2 1
11 ФК МЛЕКАР 🔽 3 0 1 2 1 9 -8 1
12 ФК ТОПОЛКА 🔽 3 0 1 2 1 10 -9 1
13 ФК СЛОГА 1976 ➖ 0 0 0 0 0 0 0 0
14 ФК ДРЕНОВО 2016 ➖ 2 0 0 2 1 9 -8 0


Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Распродадени билетите за европскиот спектакл: Силекс со полни трибини ќе го пречека Динамо Минск

Фудбалскиот клуб Силекс ќе има максимална поддршка од своите навивачи на реванш натпреварот против Динамо Минск во првото квалификациско коло од УЕФА Конференциската...

Прва лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Покрај Стојанов во Брегалница останува Темелков, Рајков и капитенот Коцев

Брегалница интензивно започнува од денес да го гради ростерот за новата сезона, откако изминатиот период се водеа интензивни преговори за нови засилувања. Како...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Распродадени билетите за европскиот спектакл: Силекс со полни трибини ќе го пречека Динамо Минск

Фудбалскиот клуб Силекс ќе има максимална поддршка од своите навивачи на реванш...

Прва лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Покрај Стојанов во Брегалница останува Темелков, Рајков и капитенот Коцев

Брегалница интензивно започнува од денес да го гради ростерот за новата сезона,...

Втора лигаФудбал

Шемкоски останува во Кожуф – младиот голман ќе го брани голот на гевгелискиот второлигаш и следната сезона

Голманот Антонио Шемкоски и официјално ќе продолжи да го носи дресот на...

Втора лигаФудбал

Христи Бикоски нов кондиционен тренер на Брера Струмица

Прилепчанецот Христи Бикоски е нов кондиционен тренер на Брера Струмица, тој ќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!