Поранешниот шампион Форца со неверојатни 15:1 го „разнесе“ Клими од Кавадарци во меч од 5. коло на Првата футсал лига.
До овој голем триумф кумановскиот тим стигна преку Иван Крстевски и Јасир Зекири кои постигнаа по три гола, двојни стрелци беа Драган Петровиќ, Иљаз Чиљафи, Зоран Левески и Берат Рамадани, а пак Таулант Исмаили постигна еден гол.
Осогово стигна до голема победа на домашен терен совладувајќи го СЕЕ Университи пред домашната публика во Крива Паланка со 9:1.
Никола Стојмировски постигна четири гола, Бојан Иванов и Дарио Павловски беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Кристијан Станојковски.
За гостинот од Тетово единствен стрелец беше Зеќирија Османи кој погоди во 15. минута.
Шкупи во финишот дојде до трите бодови во дуелот со Јувентус Серава славејќи со 5:4.
Еркан Сефери во 1. минута донесе предност за домаќинот, во 7. минута Енес Јусуфи израмни на 1:1, а по една минута Еркан Шаип донесе нова предност за Шкупи.
Во 15. минута Зекир Зејнели погоди за 3:1, а пак две минути подоцна Елмир Алији намали на 3:2 на полувреме.
Во вториот дел Абдил Кадир Јахја постигна гол за 4:2 во 22. минута, но потоа следуваше израмнување, откако во 29. минута Омер Османи намали на 4:3, а пак Алији со втор гол во 35. минута погоди за 4:4.
Вистинска драма беше завршницата од мечот, кога во 38. минута Реџеп Сулејмани постигна гол за конечни 5:4 и голема радост за Шкупи.
Со овие три мечеви се комплетираше 5. коло. Извештајот на Спортска Мрежа за претходните два меча е достапен овде.
Проект е прв со максимални 15 бода, следуваат Форца и Шкупи со по 13 бода за делба на второто место. Кеги Моби е четврти со 12 бода.
На петтото место е Бутел со 6 бода, Клими е шести со четири бода, Јувентус Серава е седми со три бода. По еден бода имаат Осогово, СЕЕ Университи и Железарец, со тоа што на Осогово му беа одземени три бода и сега исплива на позитивни плус еден.