Втора лигаФудбал

Стојанов: Играта и пристапот беа на потребното ниво, сите честитки одат кон нашите играчите, тие се најзаслужни за денешниот резултат

Сподели
Сподели

Беласица со голот на Александар Коцев запиша голема победа на тешкото гостување кај Тетекс во Јегуновце. Минималниот триумф од 0:1 донесе нови три бодови за струмичани, кои сега се израмнети со Брегалница на врвот од табелата со по 16 бодови.

Тренерот на Беласица, Александар Стојанов во изјава за Спортска Мрежа истакна дека знаеле дека ќе ги очекува тежок натпревар, бидејќи како што вели Стојанов, Тетекс на домашен терен игра добро.

„Знаевме и пред натпреварот дека ќе биде тежок натпревар затоа што Тетекс на домашен терен игра добро, дополнителен проблем беа и отсуствата на Манев, Најденов, Капсаров поради болест и ситни повреди, но играчите кои влегоа на нивно место сосема солидно си ја завршија работата. Добро го почнавме натпреварот со постигнањето на ран гол и после тоа имавме уште неколку изгледни ситуации кои не ги реализиравме или среќата не беше на наша страна, но сепак и во второто полувреме момците беа тие кои изгинаа на теренот и го задржаа почетниот резултат а и противникот немаше некоја изгледна ситуација за гол“, вели Стојанов за Спортска Мрежа.

Тренерот на струмичани е задоволен од играта и пристапот, а фокусот го става веќе на следните предизвици.

„Играта и пристапот беа на потребното ниво и сите честитки одат кон моите играчи, само ќе повторам одредени шанси кои ги ствараме мораме да ги користиме и да ги завршуваме по рационално за да до крајот на натпреварот не се доведуваме во неизвесност. Сепак продолжуваме да работиме напорно и да ги отстрануваме недостатоците и веќе од утре се насочуваме кон следните предизвици кои ни претстојат“, дополнува Стојанов.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра со Шкендија Арачиново во меч под рефлектори, а како што дознава Спортска Мрежа тој меч ќе биде закажан за недела од 18:30 часот.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Брегалница го промовираше првото летно засилување – Мартин Стојанов се врати меѓу „сините“

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница, официјално го претстави своето прво летно засилување. Нов член на штипскиот клуб е искусниот 27-годишен офанзивец...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Задоволен сум од желбата и енергијата што ја покажуваат девојките

Женската јуниорска репрезентација на Македонија интензивно ги продолжува подготовките за Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 29 јули до 7 август ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Брегалница го промовираше првото летно засилување – Мартин Стојанов се врати меѓу „сините“

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница, официјално го претстави своето прво...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Кожуф ги стартуваше подготовките: Дуганов нов тренер, пристигнаа две засилувања, закажани четири контролки

Второлигашот Кожуф вчера официјално ги започна подготовките за новата сезона 2026/27, со...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Ѓорѓе Стојчев прозиваше – Брера Струмица ги започна подготовките

Второлигашот Брера Струмица денес ги започна подготовките за новата сезона, откако шефот...

Втора лигаФудбал

БОМБА ВО ОХРИД: Горан Силјановски – Шаро за „рибарите“ – се гради тим за Прва лига!

ГФК Охрид Лихнидос продолжува да го засилува играчкиот кадар со јасна цел...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!