Трета лигаФудбал

Ристов ќе им суди на Росоман и Ултрас, Димовски на Тополка и Борец

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре ќе се одиграат натпреварите од третата рунда на Трета лига – Југ со почеток од 15 часот. Во рамки на третото коло слободна ќе биде екипата на Превалец, која требаше да игра со откажаната Слога од Лажани.

Познати се судиите кои ќе делат правда на седумте натпревари.

Душко Стојсавлевиќ од Прилеп ќе ја дели правдата во Крушево каде ќе се соочат Питу Гули и Млекар. Негови помошници ќе бидат Дино Конески и Кире Кулески од Прилеп.

Методија Костов од Велес ќе им суди на Младост и Дреново, во меч кој се игра во Кривогаштани. Андреј Ќамилов ќе биде прв помошник, а втор помошник ќе биде Виктор Миланов од Велес.

Задолжен за правдата на мечот меѓу Бучин и Башкими од Јаболчиште ќе биде Тоше Ицев од Кавадарци, а ќе му помагаат Драган Трпчевски од Кавадарци и Александар Трајков, исто така од Кавадарци.

Росоман ќе игра дерби со Ултрас, дуел на две непоразени екипи, а Ангелчо Ристов од Неготино ќе биде делител на правдата, ќе му помагаат Ване Данилов и Ване Дупкаров, исто така од Неготино.

Душко Панов од Кавадарци ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Влазними Јуниор и Венец од Долни Дисан, а негови помошници ќе бидат Давор Дишлиевски и Тони Гурев од Кавадарци.

Тополка на домашен терен ќе се соочи со ланскиот второлигаш Борец. Николче Димовски од Велес ќе биде главен судија, а негови помошници ќе бидат Љупчо Клинкаров од Градско и Славче Шопоски од Велес.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Андоновски: Супер лигата годинава е со најголем квалитет, секој освоен бод ќе биде вреден како суво злато

По три одиграни кола во ракометната Суперлига, Младост Богданци има едно реми и два порази во своето враќање меѓу најдобрите. Тимот предводен од...

Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против Скопје во натпреварот со кој беше комплетирано осмото коло во Првата...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против...

Втора лигаФудбал

Сите погледи кон Радовиш, „рибарите“ во битка за лидерската позиција во Втора лига

Сите погледи утре ќе бидат насочени кон Радовиш и Тетово, каде што...

Прва лигаФудбал

Јашар пред дуелот со „пиратите“: Ќе дадеме се од себе на крајот да се радува градот Штип и нашите навивачи

Брегалница и Скопје денеска во Штип го затвораат осмото коло од Првата...

Прва лигаФудбал

Скопје е подготен за вечерашното соочување со Брегалница и се надева на позитивен резултат во Штип

Во последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига, тимот на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!