Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

Сподели
Сподели

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се наполни до последното место за мечот меѓу Младост и Струга од 11. коло на Суперлигата.

Дуел на две екипи кои минатата сезона играа во баражот, Младост тогаш ја совлада Струга и обезбеди влез во елитата, а стружани по сплет на други околности односно откажаното учество на Пролет за натпреварување во Суперлигата ја спаси Струга и ја врати во елитата.

Еден од најискусните во редовите на Младост, Даниел Андоновски за Спортска Мрежа вели дека очекува „прав“ машки суперлигашки натпревар, каде што доколку го задржат нивото на одбранат од последниот меч со Охрид и со концентрација во нападот ќе напаѓаат за позитивен резултат.

„Во сабота на домашен терен ја пречекуваме екипата на Струга. Екипата која минатата сезона ни беше последната пречка до посакуваниот влез во Суперлигата. Оттогаш реконструирана со многу играчи кои имаат искуство во Бундеслигата и Лигата на шампионите, што само треба да ни биде мотив плус. Очекувам еден „прав“ машки суперлигашки натпревар со добри, цврсти одбрани на двете страни. Трибината која на секој натпревар е полна до последно столче треба да ни биде ветер во грб за да стигнеме до нашата прва сезонска победа. Да го задржиме нивото на одбрана од последниот натпревар во Охрид, каде што примивме 24 гола, и со концентрација во нападот, како и борба до последен здив за секоја топка, напаѓаме на позитивен резултат“, вели Даниел Андоновски за Спортска Мрежа.

Младост ја бара првата сезонска победа со која ќе направат „бегство“ од опасната зона и ќе прогресираат за неколку на табелата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се наполни до последното место за мечот меѓу Младост и Струга од...

Ракомет

Мајдоуб: Клучот за победа против Струга ќе биде концентрацијата и борбената игра до последната минута

Младост в сабота на домашен терен го игра мечот од 11. коло на Суперлигата против Струга, дуел во кој богданчани влегуваат со една...

Поврзани написи
Ракомет

Познати составите за клучниот европски дуел: Пелистер без Хаидаридад, Гумерсбах без Рогановиќ

Еурофарм Пелистер и Гумерсбах ги одредија ракометарите со кои ќе настапат во...

Ракомет

Охрид сигурен во Кавадарци – убедлива победа пред европскиот предизвик!

ГРК Охрид продолжува со победничкиот ритам во домашното првенство. „Гладијаторите“ на гостувањето...

Ракомет

Вардар Неготино како „експресен воз“ го „прегази“ Радовиш, Македонија Ѓорче Петров со голема победа го „тресна“ Пролет

Деветтото коло од Првата ракометна лига во машка конкуренција донесе пет гостински...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!