Останато

Лина Ѓорческа без загубен сет до четвртфинале во Куршумлијска Бања

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во четвртфиналето на W75 турнирот во Куршумлијска Бања, откако денеска со убедлива игра ја совлада Анастасија Золотарева со 2-0 во сетови (6:0, 6:3) за само 75 минути.

Првиот сет Ѓорческа го доби максимално сигурно, не дозволувајќи и на противничката да освои ниту еден гем. Во вториот сет, таа направи брејк во четвртиот гем и поведе со 3:1, а потоа ја зголеми предноста на 4:1. Тоа водство го одржа до крајот и со сигурна игра ја завери победата.

Во четвртфиналето, кое се игра денес, македонската тенисерка ќе се сретне со Лили Тагер од Австрија, која со 2-0 (6:4, 6:4) ја елиминираше Тена Лукас од Хрватска. Потсетување, Ѓорческа и Тагер пред само неколку дена играа финале на турнирот во Букурешт, каде австриската тенисерка славеше со 2-1 во сетови.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Кавадарци добива нов спортски објект во СЦ „Јасмин“, започна изградбата на капиталната инвестиција

Започнаа земјените работи и ископот за темелите на новиот објект кој ќе...

Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!